Двете страни и овојпат останале на истите позиции и главна причина што нема резултат, е различната перспектива на средновековието, како и големите разлики во пристапот на надминување на споровите.
Историската комисија за утврдување на факти составена од македонски историчари ја отфрли бугарската Декларација која опфаќа неприфатливи услови, но и закани за Македонија.
Бугарската декларација односно рамковната позиција опфаќа дваесетината точки од кои во контекст на ЕУ во документите не смее да се споменува македонскиот јазик, а во македонските историски учебници и споменици да не се употребува синтагмата „бугарски фашистички окупатор“, а е обид да ја негираат историјата.
Ќе оди ли премиерот Зоран Заев и овојпат контра позициите на историчарите кој во контроверзното интервју за БГНЕС пред околу шест месеци изјави дека Бугарија не е фашистичка земја, таа е наш пријател?
Членовите на комисијата исто така не можат да ги усогласат ставовите околу Гоце Делчев, за што Заев во истото интервју на БГНЕС рече дека Гоце Делчев е револуционер и за Бугарите и за Македонците, кој се борел за слободата на Македонија, за Одринско и за сите.
Бугарија воедно се обидува да ги оспори македонскиот јазик, малцинство и македонскиот идентитет тврдејќи дека македонскиот идентитет е вештачка (југословенска) конструкција од 1945 година, што значи дека сите усвоени обележја на македонскиот идентитет треба да се ревидираат како бугарски.
По последниот 14. состанок, копретседател на Мешовитата македонско-бугарска комисија, Драги Ѓоргиев рече дека апсолутно e неприфатливо дефинирање на Гоце Делчев од страна на владите.
На првиот ден тема на дискусија биле учебниците по историја и усогласување на препораки за нивно подобрување, за што биле разменети предлог идеи, но бугарската страна немало воља да се пронајде решение.
Изминатиот период дела од медиумите објавија делови од декларацијата која Бугарија ја понудила на Македонија, а за која Заев се уште нема дадено ниту објаснување ниту некаков одговор, што сериозно го отвора прашањето дали можеби ќе ги прифати условите во Декларацијата.
Прочитајте што содржи бугарската Декларација на Радио Лидер.
Претходните денови најголемата опозициска партија организираше протести во повеќе градови низ Македонија со барање Заев да го обелодени тоа што го потпишал или што го крие во договорите со Бугарија.
Зоран Заев, Бујар Османи и Владо Бучковски треба веднаш пред пратениците во Собранието на Македонија да го презентираат Нацрт документот за кој преговараат со официјална Софија, велат од партијата.
Оттаму порачуваат дека се додека Заев не одговори за што преговара со Бугарија, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги искористи сите демократски алатки за спречување на ново национално предавство од оваа власт.