Министерката смета дека новата Влада сака да ја укине таа пракса. Смета дека од државната каса се одлеваат непотребно милионски суми поради предолги судски процеси, ненавремени пресуди и грешки, пренесе Алфа.
Според министерката, барањата за поголеми буџети во услови на катастрофална недоверба кон судската власт се неоправдани.
„За што да си додадат на плати 35% плус? Си прераспределуваат додатоци и сега им ги скратуваме. Срамота е колку треба да плаќаме за пресуди од Стразбур. 7 години не вработувале. Знаете ли колку извршни исправи имаме од судството, а тие 7 години не вработувале, а никој не ги попречувал. Никој. Не вработувале, а бараат повеќе пари. Барем да сработат нешто. Ефикасноста не ја задоволуваат и процентот на довербата е 2%. Во обвинителството биле буџетирани вработувања, но не биле реализирани. За оваа година, нема донесено ниту План за вработување“
Во наредниот период следи борба со сивата економија. Морало да се наплати се што е нелегално бидејќи бројките за наплатени приходи во првата половина од годинава се поразителни. Потфрлањето е за 3,5%. Наплатата на ДДВ била помала за 5,21%, а на акцизи за 6,58. Добар показател била наплатата на царини овој месец, која била на рекордно ниво од постоењето на Царинската Управа, што е за 16,6% повисок износ споредено со истиот период лани. Дополнително, планот за намалување на стапката на данок на добивка на 5% за за компании кои прават над 50 милиони евра профит, требало да донесе странски капитал во земјава.
Министерката за финансии уверува дека земањето на заем од Унгарија било најисплатливо решение во моментов. Доколку се одлучело за издавање еврообврзница , сегашните камати би изнесувале од 5,4% до 5,9%, не сметајќи ги и оперативните трошоци кои би ја зголемиле цената за 1 до 2 процентни поени.