Милијардерот, наводно, им поставува на кандидатите за вработување едно главно прашање што е дизајнирано да го открие целиот потенцијал на кандидатите додека се наоѓаат под притисок.
Машинскиот инженер Тања Заковиќ ја сподели приказната за загатката на Маск на Тик-ток.
Таа изјави дека основното прашање за кандидатите кои сакале да работат во „Тесла“ или „Спејс екс“ е следното:
-Вие стоите на површината на Земјата. Одите милја јужно, милја западно и милја север. Завршивте точно таму каде што започнавте. Каде сте?‘
Меѓу коментарите што беа пронајдени на објавениот видео материјал се одговорите на славното прашање на Маск.
Додека некои се шегуваа и пишуваа дека точниот одговор е: Кина, Индија или Тексас, други посериозно го сфатија предизвикот. Тие одговорија дека решението е „Северен пол“ или „Бермудски триаголник“.
Одговорот на прашањето е навистина – „Северен пол“. Сепак, постои и друг одговор што е исто така точен, а тоа е – „Јужен пол“.
Тоа е всушност одговорот на второто прашање: „Каде на друго место би можел да бидеш?“.
Додека поголем број кандидати – инженери обично даваат точен одговор на првото прашање, помал број одговара на второто правилно.
-Маск всушност ги води низ загатка, до можни одговори, поставувајќи равенки за време на објаснувањето, вели биографот на сопственикот на „Тесла“ и „Спејс Х“ – Ешли Венс.
За среќа, не е важно дали сте го дале точниот одговор или не бидејќи некои кандидати ја добиле работата и покрај фактот дека, како одговор на прашањето на Маск, се збуниле.
Маск всушност ја користи оваа вежба за да види како луѓето пристапуваат кон решавање проблеми и обработка на информации.