Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, преку објава на Фејсбук упати остри критики до претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го за, како што наведе, лажна хуманост и лицемерие.
Според Андоновска, Филипче се обидува во јавноста да се претстави како хуман лекар со фотографирање за време на операции, додека, како што тврди таа, потоа присуствува на концерти и престојува на јахтата на поранешниот премиер Зоран Заев.
„Лицемерието изгледа вака. Доаѓа еден час на клиника, со фотоапарат, се фотографира среде операција, а потоа оди на концерт на Харис Џиновиќ или на јахтата на Заев. И сè така“, напиша Андоновска.
Таа додава дека, според неа, обидот за создавање поинаква слика во јавноста не може да биде успешен, бидејќи граѓаните, како што вели, не ги забораваат случувањата поврзани со кинеските вакцини, модуларната болница, тендерите и состојбата во здравствените институции.
„Хуманизацијата не е успешна затоа што народот знае и за кинеските вакцини, и за модуларната болница, и за тендерите, и за распаднатите и ограбени здравствени институции кои ги остави зад себе без око да му трепне. И што е најважно, не заборава“, напиша Марија Андоновска на Фејсбук.
Погледнете го статусот на Андоновска:
