Одговорноста зад миленикот

Помислата на куче како домашен миленик често буди идилични слики – милување, долги прошетки и верен пријател кој ве чека пред врата. Но реалноста е поинаква: кучето бара време, труд и финансиски вложувања, а таква одговорност не е за секого. Тренингот и секојдневната грижа можат да станат извор на стрес наместо задоволство, предупредува тренерот Сем, кој вели дека некои луѓе едноставно не се создадени за живот со куче.

„Мама и тато“

Тренерот најпрво упатува на луѓето кои своите миленици ги третираат како мала деца. Таквите сопственици го разгалуваат кучето и занемаруваат дресурата. Кучето има потреба од јасни правила, структура и водство, а без тоа потешко учи команди и почитува правила. Сем вели: „Секојдневно среќавам многу луѓе кои не треба да имаат куче. Ако ве навредува тоа што ќе го кажам, тогаш веројатно не сте личност за куче.“

„Мрзливец“

Луѓето кои постојано одложуваат обврски немаат волја за основната грижа и дресура. На вакви сопственици најмногу страда самото куче. „Се прескокнуваат оброци, домот е во неред, а чистењето постојано се одложува“, објаснува Сем. Работа со тренер може да ги мотивира и сопствениците и миленикот.

„Невнимателен сопственик“

Невнимателните сопственици не внимаваат доволно на безбедноста и здравјето на кучето. Некои ги пуштаат слободно по улиците, не ги следат вакцинациите и дозволуваат провокации од други луѓе и деца. Во многу земји занемарувањето на животни е кривично дело со високи казни, а понекогаш и затвор.

„Скржавец“

Тие кои имаат пари, но не сакаат да вложат во миленикот, се нарекуваат скржавци. „Таквите секогаш бараат најевтината опција и ја избегнуваат соодветната грижа за кучето“, вели Сем.

„Собирач“

Некои луѓе купуваат куче исклучиво за престиж или визуелна привлечност. Тренерот го критикува овој пристап: „Собирачот зема куче за да привлече внимание, а не за вистинско друштво. Често едно куче се заменува со друго, без сочувство и грижа.“