-На нашите сограѓани им даваме ветување дека проектот за изградба на затворен Градски пазар силно ќе го поддржиме (нема да ја попречуваме изградбата, нема да го политизираме и ветуваме дека ќе го доизградиме). Ќе формираме проектен тим, тим од стручни лица на чело со тим лидер и заедно со проектантот, ревидентот на проектот, фирмите изведувачи и надзорот на објектот ќе го изградиме затворениот Градски пазар. И се обврзуваме дека оштетената фекална канализација, цефката од ф700, стара повеќе од 40 години, која минува среде горниот и долниот дел од пазарот и ја собира фекалната канализација од дел од улиците од левата страна на општина Велес ќе ја дислоцираме во најбрзо време, вели Колев.