Јас не ветувам нешто што не можам да реализирам, заради тоа што јас 12 години работам во Центарот за развој на Вардарско – плански регион, од кои шест ипол години јас раководев. На почетокот би сакал да кажам неколку работи, ние подготвивме програма која ја работевме шест месеци со нашите сограѓани, тоа беше програма каде што ги посетивме сите маала, сите улици, поразговаравме со стотина граѓани наши, се со цел да изготвиме програма која е реална, истакна Марко Колев, кандидат за градоначалник на општина Велес од ВМРО ДПМНЕ во гостување во емисијата на МРТ.
Колев додаде дека програмата со која настапува има 213 проекти, од кои 11 се капитални проекти, но има и 126 проекти што значат подобрување на условите за живот во месните и урбаните заедници, тоа е основната инфраструктура која им е потребна на граѓаните бидејќи во Велес се уште има септички јами, азбести цевки, инфраструктурата е во многу лоша состојба.
Во делот на локалниот економски развој имаме голем дел на ветувања, ние во општина Велес имаме пет индустриски зони, првата индустриска зона „Узус“, „Речани“, „Речани 2“, „Караслари“ и индустриската зона „Мамутчево“ сакаме силно да ја подржиме основната инфраструктура заради тоа што таму се наоѓаат голем број на фабрики кои вработуваат огромен број на луѓе, но таму се уште инфраструктурата не е решена. Вториот проект кој го ветуваме во делот на локалниот економски развој е проширување на индустриската зона „Мамутчево“ со индустриската зона „Мамутчево 2“ каде што планираме да урбанизираме и да проектираме и утре тие парцели да ги ставиме на продажба за отворање на фабрики. Заради тоа што изминативе четири години ниту една фабрика не е отворена, напротив голем број од фабриките се затворени – појасни Колев.
Колев посочи дека ќе направи и старт ап програми за младите и целосна реорганизација на општината заради тоа што општината има потреба во делот на поддршката на бизнис секторот.
Би сакал исто така да го прашам господинот Коциќ, програмата која ја ветивте пред четири години каде што вие бевте и носител на листа, бевте и советник, бевте и претседател на Совет колку проекти реализиравте, колку капитални проекти ги имате на 23 на број се реализирани, го запраша Колев својот противкандидат Ненад Коциќ.