Во вечерашната дебата во Телевизија 24 во изборно соочување на кандидатите за градоначалници за Велес, кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Марко Колев, ја обвини власта дека ветувањата за кои граѓаните им ја дадоа довербата како намалување на цената на водата и ветената гасификација беа лаги затоа што велешани плаќаат поскапа вода, а од гасификацијата нема ништо.

Дали ја намаливте цената на водата, тоа им го ветувавте на граѓаните пред четири години, манипулиравте со нив, а вие ја зголемивте цената на водата, критикуваше Колев.

Очигледно дека локалната самоуправа во Велес нема никаква стратегија за справување со загадувањето, ниту пак има регистар на загадувачи за да се увиди дали загаденоста е поголема од индустријата или од домаќинствата, или други фактори, во нашата програма имаме предвидени подигнување на голем број на зелени површини, планираме оние жолти површини да бидат зелени површини предлог кој доаѓа од граѓаните, планираме целосна реконструкција на гардскиот парк во Велес, младинскиот парк и садење на поголем број на садници низ цела територија на Велес, планираме и сериозни инвестиции во пошумување на делот од изгорените површини кај езерото Младост, посочи Колев.

Колев објасни дека пред четири години власта вети на граѓаните дека Велес ќе биде гасифициран, а до каде е истата праша тој, затоа што јавното претпријатие беше формирано, а директор беше назначен, две години имаше Управен одбор и се потроши сума на пари, а до каде е сега гасификацијата во Велес, како едно од големите ветувања на власта, праша Колев.

-Гасификација во Велес нема, граѓаните им ја дадоа довербата за тоа, а во Велес ни примарна ни секундарна мрежа нема, имаа програма во која тоа го ветија, не го исполнија, истото тоа за кое држеа прес конференции и им го пишуваше во програмата за избори, не е исполнето, му посочи Колев на Ненад Коциќ кандидатот од СДСМ.