Студијата, наречена Ком-КОВ, спореди мешана употреба на две дози од вакцините на „Фајзер“ и „АстраЗенека“ и откри дека тие произведуваат високи концентрации на антитела против коронавирусот во која било комбинација, објави „Ројтерс“.

Податоците ја поддржуваат одлуката на некои европски земји кои започнаа да нудат алтернативи на „АстраЗенека“ за втората доза откако беше утврдено дека вакцината е поврзана со појава на ретки тромби.

Најголем број на антитела е забележан кај луѓе кои примиле две дози од вакцината на „Фајзер“, што дало подобри резултати отколку по приемот на две дози од вакцината на „Астра зенека“.

Дозата на вакцината „Астразенека“ проследена со „Фајзер“ произвела поголем број антитела отколку во случајот на прва доза вакцина од „Фајзер“ проследена со втора доза од вакцината на „Астра зенека“.