Ова е прашањето кое преку Фејсбук го поставија од Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ до првиот човек на РКЕ Бислимоски.

Од Комисијата велат дека откако СДСМ нé доведе до питачки стап и тоа во време на корона криза, истите тие што нé осиромашија со зголемената цена на струјата, ќе делат субвенции во форма на ваучери за домаќинствата за електрична енергија и ќе се фалат дека ако треба ќе се стават и над Законот ама нема да ја покачат струјата.

– Премногу патетична глума дека се многу загрижени за својот народ! За жал, тоа е начинот на функционирање на оваа ненародна власт: прво ќе му земе на секое семејство по 1000 денари, а потоа за да ги поткупи ќе им врати 100 денари. И тоа не на сите, туку само на оние за кои тие ќе проценат дека треба да се „поткупат“. Но, на македонскиот народ веќе му е јасно! Поткупот за локалните избори тешко дека ќе им помине!, велат од Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.

Ви ја пренесуваме објавата во целост:

„НЕЗАВИСНИОТ“ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА И ВОДНИ УСЛУГИ- МАРКО БИСЛИМОСКИ НЕ ПРЕСТАНУВА ДА ЈА…

Posted by Комисии на ВМРО-ДПМНЕ on Sunday, May 9, 2021