Откако земјотрес од нова реформа и негрижа го растресе и онака кревкиот образовен систем не е ни чудо што следи хаос, велат од Комисијата за образование на ВМРО-ДПМНЕ.

Ве потсетуваме на неколку информации кои во последно време можевме да ги чуеме и прочитаме:

Ученик ,,мавнал“ со ранец наставничка.

Директорката го заташкува случајот за побрзо да се куртули од ученикот кој е деветто одделение.

Наставник со метален предмет удрил ученик по глава, кој завршил во болница.

Родител пријавува физички напад на ученик сред бел ден.

Прашуваме дали вчера во ОУ ,,Владо Тасевски” во Карпош девојче од седмо одделение е нападнато од страна на постар маж?

Што правело обезбедувањето на училиштето?

За наставата, изостаноците и оценките друг пат.

Денес само потенцираме дека хаосот кој го зафаќа образованието добива такви размери што станува непоправлив.

Министерката си даде усмена оставка и изгледа заврши со сите обврски освен оние што лично ја интересираат неа, односно нејзината партија, а се сведени на набавки и огласи.

Мила Царовска да ѝ беше жал барем за децата, па да преземеше нешто, било што, макар само за нивна безбедност.

Образованието и знаењето се очигледнно светлосни години далеку од неа!