Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека потребно е итно реформирање на здравствениот систем кој содржи низа деформации на сите нивоа на здравствена заштита.
ТРЕТА АКАДЕМИЈА ЗА ЗДРАВСТВО ВО СТРУМИЦА:ПОТРЕБНО Е ИТНО РЕФОРМИРАЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ КОЈ СОДРЖИ НИЗА ДЕФОРМАЦИИ НА СИТЕ НИВОА НА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА
На ТРЕТАТА АКАДЕМИЈА за здравство, иницирана од професори на Медицинскиот факултет во Скопје и специјалисти со долгогодишно искуство во Општата болница во Струмица, во организација на Централната комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ што викендов се одржа во Струмица беше упатена обединувачка порака за потребата од итни реформи на сите три нивоа на здравствена заштита во целосно запоставениот здравствен систем со низа системски пропусти на штета како на пациентите, така и на здравствените работници.
➡️Доктор Игор Николов рече “зајакнување на здравствениот систем е наш врвен приоритет, а до тоа ќе стигнеме со задржување на стручњаците во земјава и со заедничка соработка со невладините или здруженијата на пациенти”.
“Обединувачка компонента е неопходна за да се направат неопходните реформи во јавното здравство и воопшто во здравствениот систем“, рече доктор Николов. Тој додаде дека ова е посебно важно и Комисијата ги препозна клучните моменти потребни за реформирање на здравствениот систем.
„Во период кога граѓаните се соочуваат со низа проблеми поради деформации на здравствениот систем многу е важно да се осврнеме на етичките прашања како медицински лица. Потоа важно е да размениме искуства со врвни стручњаци од сите здравствени области. Многу проблеми имаат дијабетичарите, лицата со ретки болести, малигни болести и сето тоа прави слика за здравствен систем со многу деформации”, заклучи Николов.
➡️Доктор Весна Цеков од ЈЗУ Општа болница Струмица смета дека нови протоколи и насоки се неопходни за ефикасно лекување на пациентите.
„Само така може да стигнеме до рано дијагностицирање на болестите и подобра здравствена заштита. Потребни се поголеми инвестиции како во дел на опрема така во дел на човечки ресурси како обука на медицинскиот кадар“, вели доктор Цеков додавајќи дека овие предавања даваат осврт на многу сериозни болести со цел имплементација на нови протоколи техники и начини на работа кои ќе помогнат на пациентите за рана дијагностика на болести и со тоа подобра и поефикасна здравствена заштита.
“Наша цел од досегашните наши искуства е имплементирање на овие методи и техники во нашата секојдневна пракса”, заклучи доктор Цеков.
➡️Доктор Никола Маџунков од Општинскиот комитет во Струмица на ВМРО-ДПМНЕ, град домаќин на ТРЕТАТА АКАДЕМИЈА исто укажа на нужноста од нови протоколи за лекување.
„Со АКАДЕМИЈАТА го покажуваме значењето на проблемите во здравството генерално, така и во Струмица. Подготвени сме како здравствени лица да работиме на решавање на проблемите со цел граѓаните да добијат подобри и побрзи здравствени услуги во сите наслени места во околината на Струмица, но и генерално. Треба реформи на примарно, како и секундрано здравство, реформи во Болницата во Струмица, а како приоритет е отворање на новото крило во оваа Болница“, кажа доктор Маџунков.
❗️ Модератор на Академијата беше Професор доктор Борче Георгиевски истакнат хематолог, а во фокусот на Академијата беа областите патологија, ендокринологија, гинекологија, радиологија,
онкологија и медицинска етика, од кои произлегоа стручни дискусии што се добра основа за идните чекори.
❗️ ВМРО ДПМНЕ го препознава професионализмот, експертизата, напредните и нови методи, континуираната надградба и во иднина ќе продолжи да поддржува иницијативи со кои заедно со експертите кои доаѓаат од фелата и здруженијата на пациенти ќе стигнеме до одржливи решенија за бројните предизвици на јавно – здравствениот систем.
‼️Упатуваме повик и добродојдени се сите заинтересирани здравствени работници и здруженија на пациенти да се приклучат и бидат додадена вредност и на Четвртата академија која ќе се организира во наредниот период, стои во нивниот пост на Фејсбук.