Опозициската ВМРО ДПМНЕ тврди дека имаат сознанија дека во Комисијата за подготовка на уставни амандмани веќе се разговарало како заедно со вметнувањето на Бугарите во Уставот и Македонија да стане бинационална држава.
По информациите кои ги сподели опозицискиот лидер, од партијата и денеска побараа конкретен одговор од Ковачевски дали се согласил на вакви уставни измени за да им удоволи на коалиционите партнери.
Од Социјалистичката партија повикаа на обединување против било какви уставни измени за да се спречи бугаризација и рушење на македонскиот идентитет и држава.
Барањата од ДУИ за уставни измени во насока на градење бинационална држава се целосно неприфатливи и се спротивни на секоја логика. Ваквите срамни барања мора да се отфрлат од сите политички партии, но и граѓаните кои ја сочинуваат македонската држава. Тоа што СДС ги одмолчува барањата од ДУИ е серизона закана за македонскиот народ. Уставните промени на кои инсистираат СДС и ДУИ е целосно предавство и почеток на бришење на македонскиот народ и на неговата држава Македонија.
За премиерот ваквите обвинувања биле лаги и небулози. Реагира дека ниту едно обвинување на ВМРО-ДПМНЕ упатено на негова адреса досега се покажало за неточно.
По изјавата на премиерот од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека на Ковачевски не може да му се верува. Бараат конкретно да одговори пред македонскиот народ, не само тој туку и Ахмети.
И покрај се поинтензивните барања на дел од албанските партии отворањето на Уставот да се искористи и за замена на формулацијата јазикот кој го говорат 20%, со албански јазик, претседателката на работната група за уставни измени, порача дека имаат мандат само да одлучуваат за вметнувањето на бугарската заедница. За утре е закажана нова средба на работната група.