Навивачите на Вардар, популарните Комити, подготвуваат големо шампионско славје по повод титулата на најтрофејниот македонски фудбалски клуб, кој по неколку години повторно се враќа на тронот.
Караван во Ново Лисиче
Прославата ќе започне денеска, во петок, со караван низ Скопје. Собирот е закажан во 19:30 часот на „Последна 5ка“ во Ново Лисиче, а учесниците се повикани да дојдат со автомобили, мотори и велосипеди.
Комити повикуваат на масовност
Последниот натпревар од сезоната Вардар го игра утре, во сабота, против Шкендија, од 18:00 часот на Националната арена „Тодор Проески“. Комити повикуваат на масовно присуство, најавувајќи големо шампионско славје на трибините.
Заедничка прослава на фудбалерите и дел ос ракометарите
2026 година ќе остане запаметена како една од најуспешните за Вардар, откако „црвено-црните“ освоија шампионски титули и во фудбалот и во ракометот. По големите успеси, Вардар подготвува заедничка прослава на фудбалерите и дел од ракометарите, која ќе се одржи во сабота, 23 мај, на Школка во Градскиот парк во Скопје, со почеток од 20:00 часот.
