Кондовски рече дека тое е дел од стратегијата за чиста и здрава животна средина кој ќе ја направи Битола велоград.
Низ градот, како што појасни Кондовски ќе се гради велосипедска мрежа која ќе изнесува 40 километри. Проектот ќе чини 1 милион евар и ќе се гради две години.
Кондовски, денеска учествуваше и на јавна трибина организирана од граѓанската иницијатива БитолаНаТочак на која се разговараше за потребата од изградба на велосипедски патеки низ градот.
– Многу сум задоволен што за барањата на граѓанската иницијатива БитолаНаТочак веќе се предвидени решенија во мојата изборна програма за овие локални избори. Голем дел од размислувањата и на моите противкандидати за изградба на велосипедски патеки низ Битола кои ги разменивме денес на јавната дискусија „Битола вело град во еден мандат”, исто така се составен дел на мојата платформа. Toa за мене е потврда дека Битола навистина може да биде велоград за еден мандат – рече Кондовски.
Кондовски рече дека ќе направи Битола да биде отворена општина со целосно реструктуирање во поглед на ефикасноста при што ќе се отвроаат нови работни места.