Ова се дел од заклучоците кои ги истакнаа панелистите на денешната панел дискусија „Истанбулската конвенција и новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жените – Што ќе се промени во пристапот за спречување и заштита од насилство врз жените?“, во организација на канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА во Република Северна Македонија, во соработка со Британската амбасада во Скопје.

Со панел-дискусијата беше означен и почетокот на проектот „Спречување и заштита од родово базирано насилство во Северна Македонија”, во рамки на овогодишната кампања „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња – Обој го светот портокалово: крај на насилството врз жените СЕГА!”.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска истакна дека е формирано национално координативно тело за поддршка на Инстанбулската конвенција. Работите ќе ги движиме во вистинска насока само со учество на сите институции и со невладиниот сектор. Таа посочли дека работите ќе ги движиме во вистинска насока само со учество на сите институции и со невладиниот сектор. министерката рече дека во едно општество ќе имаме успешна приказна за справување со насилството врз жените и девојчињата и родовото базирано насилство само доколку сите алки од синџирот на координираната борба против насилството, подеднакво го даваат својот придонес.

– Потребно е да се направи регионализација на институциите. Да работиме во делот на подигнувањето на свеста. Воспоставување на родова компонента како во пристап на права, услуги, ресурси, еднакви плати за еднакви работни места. Правото на избор на жената да одлучи колку деца, во кој период од животот, со колкаво растојание меѓу нив. Ова е приказна во која што верувам во име на сите жени, ова е битка за мене, пред се, за нејзините синови, за ќерките на Стефан и за моите ќерки да живеат во општество каде ќе бидат почитувани затоа што се жени. На крајот посебна благодарност до Британската амбасада и УКАИД за поддршката за овој проект кој во следните три години ќе доведе до операционализација на сервисите коишто навистина се неопходни, рече Шахпаска.

Министерката потенцира дека со новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство со кој првпат се воведува постапување на институциите со должно внимание, се овозможува интегриран мултисекторски и мултидисциплинарен одговор во справувањето со насилството, што претставува солидна основа за исполнување на стандардите од Истанбулската конвенција.

Британската амбасадоркиа во нашата земја Рејчел Галовеј истакна дека е крајно време да создадеме едно општество каде што сите граѓани се безбедни и да се стави крај на родовото базирано насилство.

– Статистиката за оваа земја на почетокот беа навистина шокантни. За време на пандемијата видовме поголемо насилство врз жената во домот. Во ноември министерката за надворешни работи на Британија даде изјава каде што ги осудува формите на насилство како силување врз жените и мило ми е што Македонија е постписничка на оваа изјава. Треба да имаме стратешка соработка да се справиме со сексуалното насилство во дипломатските работи и во зачувување на мирот. Мислам дека сите сме посветени на спроведување на Истанбулската конвенција. Во преден план да ги ставиме организациите што работат за поддржување на правата на жените во Македонија. Ние ќе работиме на превенирање на сексуално насилство со кампањи, рече британската амбасадорка.

Шефот за соработка на Делегацијта на ЕУ во земјава Стефен Худолини истакна дека во 21 век родовото базирано насилство се уште се случува и се уште е непокриено, односно останува сокриено. Тој посочи дека најбитна е посветеноста на државата на секое поле.

– Имаме бројки каде што секоја втора жена е жртва на семејно насилство. Тоа мора да биде решено. Генерално и ЕУ не е светол пример. ЕУ има партнерство со Македонија. Европскиот совет, исто така, работи на решавање на разликите во платите кај мажите и жените. Најбитна е посветеноста на државата. Треба на секое поле да се работи. Треба да работиме од двете страни, од една страна заштита на тие што им е потребна заштита – им требаат мерки да ги заштитиме, од друга страна треба да го реализираме ова на економско ниво во самото општество. Нам ни е потребно да имаме податоци кои се причините и последиците, да имаме еднакви плати. Ова треба да се работи во образовниот процес, во процесот на вработување, на сите нивоа во општеството. Треба да дадеме се како граѓани да ја пружиме оваа рамноправност меѓу половите, рече Худолини.

Сопругата на претседателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска истакна дека родовото базирано насилство и насилството врз жените и девојчињата претставува нарушување на човековите права и со тоа се доаѓа до една состојба на структурна дискриминација. Таа потенцира дека недовербата во институциите, срамот од осуда и стравот од реперкусии се дел од многуте причини за насилството врз жените.

– Не треба да останеме само на говорење. Треба да ги охрабриме жртвите да го прекинат својот молк и да се спротивстават затоа што секогаш има излез. Потребно е жртвите да се охрабрат за да го пријават насилството бидејќи за жал се соочуваат со срам и со страв. Многу е важно жртвите да имаат лесно достапни информации за сервисите за поддршка. Неопходно е жртвите да знаат дека нема да се соочат со осудување. Не се осудуваат да преземат чекори затоа што не се сигурни дека можат да добијат непосредна помош. Не се сигурни дека економски можат да опстанат, рече таа.

Росана Дуџак, постојан координатор на ОН потенцира дека околу овие прашања е постигнат гоолем напредок, но, како што вели, тоа не е доволно се додека сите жени и девојчина не се почувствуваат безбедни во нивните средини. Таа посочи дека сите чинители треба да работат за да се стави крај на насилството и негово искоренување.

– Законските рамки се во согласност со Истанбулската декларација. Ова е многу важен прв чекор. Имплементацијата на законот е вториот столб. Третиот столб е во однос на однесувањето – нашите норми, нашите однесувања. Ние треба да се посветиме и да направиме политика за нула толеранција кон ова насилство. Не треба да се дозволи овие насилства да не бидат процесуирани. Ние мора да сме сигурни дека луѓето се вклучени во борбата против родовобазираното насилство. Сакам сите да се придружат од училиштата, фабриките, родителските заедници. Во моментот кога сите ќе се приклучат во ова ќе го постигнеме тоа.

Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и заштита од насилството врз жените и семејното насилство, позната како Истанбулска конвенција, е првиот правно обврзувачки договор во Европа што ги криминализира различните форми на насилство врз жените и девојките, притоа нагласувајќи и признавајќи дека насилството врз жените претставува повреда на човековите права, како и форма на дискриминација на жените, и причина и последица за структурната нееднаквост помеѓу жените и мажите. Конвенцијата е транспонирана во новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство усвоен во јануари 2021 година. Овој закон овозможува соодветни механизми за да се обезбеди координација и соработка меѓу сите државни и недржавни инволвирани страни, како што се релевантните организации за справување со сите форми на насилството врз жените и девојките и семејното насилство опфатени во рамки на Конвенцијата.