Целта на конференцијата е да се овозможи детална дискусија за состојбите за користењето на медијацијата, нејзините придобивки како алтернативен начин на решавање на споровите со медијација во посебни гранки од правото, како и да се прикажат најдобрите практики и искуства од други земји и да се запознаат граѓаните и деловните субјекти со медијацијата како алтернативен начин на решавање на споровите.
Конференција за медијацијата како нова култура во решавање на споровите
К
Во рамки на проектот „Медитација, без долема!“ денеска на платформата Зум ќе се одржи годишната конференција „Медијација – за нова култура во решавањето на споровите“ во организација на Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје, што се спроведува во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, Комората на медијатори на Република Македонија и Холандската федерација на медијатори.