Меѓу многуте теми за што разговаравме во канцеларијата моја, во кабинетот на градоначалникот, се интересираше за нашите први почетоци, за работењето до сега, за проблемите евентуално со кои се соочуваме. Меѓутоа една од главните теми беше, она што го ветивме и за кое се заложивме, за кое многу работевме изминатиот период, легализизацијата на бесправно изградените објекти. Како што ветивме, дојдовме до бројката од 1000 завршени предмети. Дел позитивн, дел секако негативно и во таа насока го запознав со проблемите со кои се соочуваме, изјави денеска за медиумите, Тони Коњановски, градоначалник на општина Битола.

Тој упати голема благодарност до целиот тим кој работеше на решавањето, откочувањето на овие проблеми од локалната самоуправа, односно дека тоа се стручни тимови кои си ја завршија својата работа и многу помогнаа, конечно, да се придвижи ова болна тема за многу граѓани.

– Во таа насока, заедно со претседателот посетивме две семејства на кои им беа врачени решенијата за легализација. Ги посетивме семејствата, поразговаравме, тие секако искажаа свое задоволство за завршената работа и продолжуваме понату, во иста насока. Да кажам дека бројката беше над 6000 вкупно со која располагаме, добиени за легализација предмети. Да напоменам дека во периодот 2017-2021 година беа решени 760, додека ние во овој период за месец и пол завршивме 1000 предмети. Со такво темпо и понатаму ќе продолжиме. Нормално ова тема, велам, мора еднаш за секогаш да ја затвориме и луѓето да си ги остварат своите права, додаде Коњановски.