Тренерот на Тотенхем, Антонио Конте рече дека не може да се прави споредба меѓу неговиот тим и Челзи.

Синоќа во првиот натпревар од полуфиналето на англискиот Лига Куп, Тотенхем загуби од Челзи со 2:0.

– Тоа беше тежок натпревар, тежок од самиот почеток. Челзи беше многу посилен. Во првото полувреме имавме големи тешкотии, но разбираме дека противник ни беше еден од најдобрите клубови во светот, кој минатата сезона ја освои Лигата на шампионите. Овие два тима не се споредливи. Денес ја видовме разликата. Не е лесно да се игра на „Стемфорд Бриџ“. Кога ќе примите гол на почетокот на натпреварот, очигледно е дека ќе биде тешко, рече Конте.

Реваншот е закажан за 12 јануари на теренот на Тотенхем.