Нема ново вето, ако Преамбулата на Уставот се смени, тогаш втората фаза од преговорите е автоматска и не може да има вето таму, истакна холандскиот амбасадор во земјава Дирк Јан Коп во интервју за „Радио Слободна Европа“.
-Исто така тоа не е толку многу важно. Земјата треба да ги заврши реформите. И тоа е единствениот начин да се влезе во Унијата. А скрининг процесот ќе даде јасно до знаење какви треба да се реформите и на крајот тоа е многу поважно од позицијата на Бугарија, рече Коп.
Прашан за заканите за ново вето од Софија тој рече дека постои договор кој ги предвидува билатералните обврски меѓу Северна Македонија и Бугарија.
-Постои можност ова да стане еден вид оправдување за да не се завршат реформите, тоа го одвлекува вниманието за да не се завршат работите кои се навистина важни, а Бугарија ја сметаме за помалку важно, билатерално прашање поврзано со евроинтеграциите, истакна Коп.