Добровечер Струмица, јас сум Костадин Костадинов, новиот градоначалник. Победивме, успеавме и пуштивме порака до сите како може да се води кампања и да се победат избори со над 4.000 гласа разлика, без при тоа да се спомне опозицијата и противкандидатот, бидејќи на крајот треба и ним да им служиме, истакна вечерва кандидатот за градоначалник на Струмица, од редовите на СДСМ, Костадин Костадинов, кој прогласи победа со убедливо водство во првиот круг.

Вети дека вратата ќе биде отворена за сите.

Оваа огромна поддршка значи и огромна одговорност, значи да се биде отворен, комуникативен, од градоначалникот до последната функција во рамки на Општина Струмица. Ова е важна победа за цела Струмица и за цела Македонија. Разлика од повеќе од 4.000 гласа од над 80 проценти обработени податоци. Сигурен сум дека предноста и ќе се зголемува, бидејќи ние го нудиме најдоброто и кадровски и програмски. Од утре не чека работа, истакна Костадинов.