– Разликата е огромна. Од ова место прогласувам победа во првиот круг. Сакам да им се заблагодарам на сите што помогнаа и учествуваа во кампањата. Времето не нѐ послужи, но љубовта и желбата за просперитетен Велес, за Велес кој го сакаме успеа. Сакам да порачам дека на митинзите и настапите зборувам многу јавно и отворено. Не омаловажуваа, ни го деградираа образованието, ни ја деградираа работата, но издржавме машки. Е, сега ќе ви покажеме како се работи за Велес. Како се работат проекти и како се мисли на велешани. Упатувам апел за смирување на страстите во Велес. Велес мора да оди напред, Велес мора да фати чекорот со другите градови околу нас, затоа што Велес е срцето на Македонија, изјави Колев пред присутните на прославата на победата.