Денес, во Општина Бутел започна изградбата на речното корито и трим патека на река Серава. На отпочнувањето на градежните работи присуствуваа градочалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, како и жителите на Општина Бутел.
Со овој проект целосно ќе се уреди речното корито на река Серава, во вкупна должина во 1500 метри на потегот од СРЦ „Македонија” до потегот на последната автобуска на 57-а. Воедно, речното корито ќе биде изградено со камен во цемент малтер.
-Станува збор за еден од најголемите проекти кои се реализираат во општина Бутел. Лично како човек, јас и мојот тим одлучивме решително овој проект да биде дел од мојата предизборна кампања затоа што бев сигурен дека ќе дојде овој ден и од денес овој проект да стане реалност. Му благодарам на Господ што започна со реализација повеќедецениското барање на граѓаните на општина Бутел. Конечно започнува изградбата на коритото на река Серава, а веднаш потоа и изградба на трим патека којашто ќе го разубави сето ова.
Градоначаникот Костовски додаде дека проектот ќе се реализира во период од 2 години, а вредноста на изведбата е 41.000.0000 денари, средства обезбедени од буџетот на општина Бутел.
Истовремено, градоначалникот Костовски изрази огромна благодарност на сите кои учествуваа во подготовка на овој капитален проект, за поддршката, посветеноста и напорната работа. Градоначалникот истакна дека со овој проект ќе се подобри безбедноста на граѓаните во ова населено место и ќе се заштити животната средина.