Наташа Котлар Трајкова, кандидат за градоначалник на Општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ денеска беше во посета на населбата Водно, на местото познато како „Цвеќара“. Таа искритикува на неодговорно однесување и работење на Општината и надлежните институции.

– Жителите на неколку пати во изминативе месеци, бараа одговори и од Општината, и од инспекциските служби, зошто на овој простор е дадена дозвола за градба на објект којшто во моментов дури и оди по својот габарит повеќе од дозволеното, истакна Котлар.

Таа апелираше дека јамата во темелот не е обезбедена, земјиштето е порозно и почнува да станува кал.