Илинден е нашата гордост, нашиот патоказ. Илинден е нашата сила за иднината!, порача премиерот Димитар Ковачевски во честитката по повод празникот Илинден.

Во фејсбук објава премиерот повикува да го празнуваме празникот во слога и обединетост.

-Нека ни е честит и долговечен Илинден – Денот на Републиката. Да го празнуваме во слога и обединетост. Денеска ги чествуваме двата Илиндена 1903 и 1944 година, темели на македонската држава, македонскиот јазик и идентитет и изразуваме вечна благодарност кон илинденците и асномците за нивната заложба и визија за современа, суверена, независна, модерна држава. Илинден е нашата гордост, нашиот патоказ. Илинден е нашата сила за иднината!, пишува премиерот Ковачевски.