Премногу е, Ковачевски ги зголеми цените на горивата и храната за да го полнат буџетот, кој го крадат, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение соопштението
За два дена цените на горивата и храната пораснаа за 15 денари. Тоа е така зошто Ковачевски го испразни буџетот на крадење и тендери, а свеж прилив на пари во буџетот нема.
Поскапувањето на горивата се должи на зголемената акциза која ја донесоа до ова ниво СДСМ од 2017 година до денес. Во Македонија се плаќа гориво како во Германија, само што таму платите се 10 пати поголеми.
За еден ден заради Ковачевски лебот, брашното и шеќерот станаа 60 денари.
Цените на храната делумно се покачени и затоа што СДСМ во изминативе години го уништи и земјоделието. Па така и до 60.000 тони од годишната потрошувачка на пченица се увезува, истото е и со сточната храна, со млекото, месото. Се е поскапо затоа што нема домашно производство.
СДСМ нема план како да излезе од кризата во која ја внесе државата. Секој ден народот е се посиромашен. Премногу е! Протест за промени на 18-ти јуни во 20 часот пред влада.