На што се е подоготвена Владата на Ковачевски, само за да ги исполни уценувањата на официјална Софија? Како се интензивираат подготовките за уставните измени, така партиите ги зголемуваат аптетите. За Беса сега можно е услов за да дадат поддршка за внесување на Бугарите во Уставот, да биде укинувањето на формулацијата „20%„ од Уставот кое се однесува на Албанците.

Билал Касами бара укинување на оние „20%„ кои се однесуваат на албанскиот јазик и бара тој да се стави рамо до рамо со македонскиот на целата територија на земјата.

Во исто време оценуваме дека нашите аргументи за укинувањето на 20% се исто толку силни како и аргументите за внесувањето на бугарската заедница. Така да ако има такво разбирање од нас како опозиција да ги поддржиме уставните измени со внесувањето на бугарската заедница во Уставот, очекуваме од друга страна иста таква поддршка и од албанските партии и од македонските партии што евентуално ќе се дефинира 20%, што е понижувачки за Албанците, треба да се избрише од Уставот и да се замени со албански јазик., рече Касами на ТВ 21.

Арбен Таравари исто така ја потврди оваа теза велејќи дека формулацијата 20% мора да се избрише, дали и тие како и Беса ќе го условуваат Ковачевски со нивните гласови, засега не се знае.

Ние ќе гласаме начелно ама ќе имаме услови. Од Уставот да се тргне 20% од албанскиот јазик, практично да се користат како службени јазици, изјави Таравари

Бројката на пратеници за отварање на уставот е 80, доколку БЕСА и Алијанса продолжат да го уценуваат Ковачевски се чини дека бројката ќе остане недостижна, освен во случај Ковачевски да потклекне и пред Софија и Албанските партии, што ќе се случува останува да видиме…