Премиерот Димитар Ковачевски денеска и утре е во работна посета на Брисел каде што ќе учествува на Вонредниот самит на шефови на држави и влади на НАТО.
Како што соопшти владината прес-сужба, премиерот Димитар Ковачевски утре, на Северноатлантскиот совет на шефови на држави и влади, ќе биде приружуван од министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерката за одбрана Славјанка Петровска и постојаниот претставник на земјава во НАТО, амбасадорот Дане Талески.