На седница на Владата денеска ќе биде предложено решение со кое ќе се овозможи замената на возачките и сообраќајните дозволи да биде бесплатна до крај на годината, најави претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски.

На новинарско прашање Ковачевски рече дека досега се сменети над 1,2 милиони патни исправи и над 550 илјади сообраќајни и возачки дозволи, објаснувајќи дека на досегашната бројка на изаддени документи влијаела двегодишната пандемија со мерки за дистанца која ги нарушила каналите на снабдување и производствени процеси во фабриките за документациите.