Премиерот Димитар Ковачевски денеска преку прес-конференција ѝ посака успех на ДУИ на вечерашната трибина на партијата во Чаир запрашан за тоа како го коментира собирот, пренесе Макфакс.
„Тоа се нормални активности на секоја политичка партија, како што во последниот квартал во 2022 година ги направи и нашата партија СДСМ кога имавме 70 трибини и кои завршија со големата трибина со над 11 илјади члена и симпатизери во СЦ ‘Борис Трајковски’“, рече Ковачевски.
Првиот вицепремиер Артан Груби на својот фејсбук-профил го најави големиот митинг закажан за денеска во Чаир, на кој ќе присуствува и Али Ахмети.
„Ми недостигаа ваква мобилизација и еуфорија каква што се создава кога се очекува да дојде националниот лидер Али Ахмети. Ветувам невиден спектакл, особено за младите“, напиша Груби.
Тој напиша дека сите чаирчани се на нозе.