Кога лажеше министерката за одбрана? прашува пратеникот Драган Ковачки кој на својот Фејсбук профил објави видео со контрадикторни изјави на министерката Петровска во само еден ден.
Кога лажеше министерката за одбрана?
На седница на Собрание преку ден, или вечерта на ТВ интервју?
Несериозно и потценувачки за граѓаните е во ист ден јавен функционер-Министер, да даде две спротивни изјави.
Се слушаат ли што зборуваат Владините министри?
Ги слуша ли Премиерот своите министри?
Повторно го поставувам прашањето до Ковачевски кое тој не сакаше да го одговори:
Дали сега Премиерот ќе ја разреши Министерката за одбрана?