Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки денеска истакна дека врз основа на член 167 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, по итна постапка поднесуваат Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Македонија.
-Штетите кои настанаа како последица на неодговорното и нестручно раководење со одбраната и Армијата од страна на министрите на СДСМ, веќе се чувствуваат и на организациско ниво, но и помеѓу воениот персонал. Токму затоа, како одговорни пратеници, нудиме законско решение со цел санирање и колку-толку поправање на катастрофалната состојба во АРМ. Со ова законско решение, предлагаме подобрување на условите за пензионирање на активниот воен персонал и давање на можност на активниот воен и цивилен персонал во Армијата да му престане работниот однос по сила на закон со остварување на право на пензија со навршување на 40 години стаж без оглед на годините на возраст за мажи, и 38 години стаж за жени, објасни Ковачки.
Тој посочи дека се предлага и да се изврши корекција во висината на пензијата и на воениот и на цивилниот персонал на кој од денот на формирање на Армијата до денот на влегување во сила на овој закон им престанал работниот однос согласно законите за служба во Армијата кои важеле во времето на остварување на правото на пензија.
-Со овој предлог, ги враќаме ингеренциите на НГШ на АРМ кои со последните измени му беа одземени од страна на Министерот во поглед на поставување на високи офицери на служба во Армијата, со што цениме дека ќе се придонесе и за департизација и за професионализација на Армијата. Исто така, со овие предлог-измени, се регулира статусот на професионалните војници на кои службата во Армијата им престанува поради навршување на 45 години старост, на начин што на истите им се даваат две опции: да засноваат работен однос на неопределено време без објавување на јавен оглас, со превземање во органите на државната и локалната власт и други државни органи согласно нивната стручна подготовка или право на отпремнина, односно еднократен надоместок во износ од 1000 евра во денарска противвредност, за секоја година помината во служба во Армијата, објасни пратеникот.
Ковачки вели дека како пратеничка група сметаат дека токму поради нивните, како што вели, аргументирани и издржани предлози, владеачкото мнозинство на СДСМ и ДУИ треба да имаат слух и доблест да го прифатат и поддржат ова законско решение со цел да се престане со политизација на ова прашање и да се задржи достоинството на воената организација и нејзините припадници кои со гордост ја носат униформата и и служат на државата.
Пратеникот побара од претседателот на законодавниот дом Талат Џафери