Овие неколку денови сме тука во Швајцарија меѓу вас и навистина се чувствуваме како да сме дома со една прекрасна енергија што нас не охрабрува и ни дава за право да кажеме дека заедно со вас, заеднички ќе успееме да ја симнеме оваа ненародна власт која што ја заробила Македонија, рече пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки на средбите со македонците во Швајцарија.

„Тие имаат еден заеднички интерес, а тоа е интересот кој повеќе ќе украде, кој повеќе ќе ја разграба Македонија. И двете структури се базираат на антимакедонштина и во основа немаат грижа за македонските национални интереси. Нив не ги интересира како ќе се развива Македонија, дали ќе биде Македонија на еднакви граѓани на сите, без разлика на вера, националност и така натаму или ќе биде поделена и разграбана Македонија. Нив тоа не ги интересира и вие сте најдобар доказ за тоа, затоа што најголемиот дел од вас се иселеници затоа што во Македонија нема ред и поредок“, рече Ковачки.

Ковачки посочи дека Македонците во Македонија, треба да престанеме да се чувствуваме како граѓани од втор ред, додавајќи дека актуелната власт освен што го деградираше македонскиот граѓанин и ги распродаде националните интереси, не вложува и не гради ништо, ни автопати, ни болници, ниту училишта иако годишно троши по пет милијарди евра државен буџет.

„Би сакал да упатам апел до сите вас да дојдете во Македонија и да покажеме дека ние како Македонци, како дијаспора сме добро организирани и да се обединиме за македонската национална кауза. Ова е последен момент, тоа е последната генерација на македонски политичари кои што можат да ја спасат Македонија, затоа што ако останат овие истите на власт, сметајте дека ние држава нема да имаме“, посочи Ковачки.