Скопје, Тетово и Гостивар се трите градови на врвот од листата по бројот на заболени од КОВИД-19. Во главниот град, активни се 3421 случај, потоа со 1754 следи Тетово, па Гостивар има 1518 жители кај кои болеста е во тек. Веднаш зад нив се Куманово, Кичево и Струмица, со троцифрен број на заболени од 480 до 650.
Според официјалните статистики на Министерството за здравство во сите овие градови има низок процент на вакцинирано население над 18 години, заклучно со 15-ти авуст.
Во Гостивар прва доза примиле 20 909 граѓани што е 21, 8 проценти од возрасната популација и ова е град со најмал опфат на имунизирано население. Потоа следат Кичево со 24,4 проценти, Струмица 26, Тетово 26,6, Куманово 26,7 и Скопје 37 проценти вакцинирани граѓани над 18 години со барем една доза вакцин. Во овие градови најголем е и притисокот врз болниците во новиот бран на КОВИД-19, посебно во Тетово и Гостивар, каде веќе нема слободни болнички кревети, па пациентиете ќе се препраќаат во главниот град и повтроно се отвораат КОВИД центрите.
Сосема поинаква е сосотјбата во градовите каде има поголем број вакцинрани граѓани. Највисок процент има Гевгелеија со 54,2 отсто имунизирано населението над 18 годишна возраст, кое примило барем една доза од вакцините. Во момнетот во овој град има 40 заболени од коронавирусот и е меѓу градовите со најмал број заразени. Исто така високо на листата со вакцинирани повеќе од половина жители се Кавадарци, Неготино и Охрид, а 49,6 и 49,4 проценти имунизирано население имаат и Битола и Ресен. Во сите овие населени места и бројот на заболени е помал, како и притисокот врз болницте.
Од пред една недела, односно од 16-ти август , кога владата ги заостри мерките и потврдата за вакцинација стана задолжителна за влез во сите затворени објекти, интересот за вакцинација се зголеми. Од понеделникот, до вчера, прва доза вакцина примиле околу 66 илјади граѓани.
Со последните бројки, досега со една доза се вакцинирани над 650 илјади луѓе, а ревакцинирани половина милион. Од нив 70% од населението над 70 години имаат примено барем една доза, 67% над 65 години, 63% над 60 години и 54% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина. Во среда повторно се отвора пунктот во салата Борис Трајковски, поради зголемениот интерес за вакцинација откако на сила се новите рестирктивни мерки, со кои во угостителските и други објекти за настани можат да влезат само вакцинирани и лица кои прележале ковид-19 во последните 45 дена.