Денес се регистрирани 107 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со КОВИД-19 изнесува 197.197

Оздравени се 247 пациенти – за 24 часа пријавени се 19 починати лица.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

• Направени се 1.668 тестирања, а регистрирани се 107 новислучаи на КОВИД-19:
Скопје – 83, Прилеп – 6, Куманово и Кавадарци – по 4, Битола – 3, Неготино – 2, Штип, Кичево, Кочани, Гевгелија и Пробиштип – по 1.

• Регистрирани сe 247 оздравени пациенти од: Скопје – 101,Штип – 21, Куманово – 19, Велес – 16, Кратово – 11, Прилеп, Кочани и Крива Паланка – по 9, Тетово – 8, Кавадарци и Валандово – по 7, Струмица, Свети Николе и Виница – по 4, Кичево и Гевгелија – по 3, Битола, Радовиш, Ресен, Крушево и Демир Хисар – по 2, Неготино и Гостивар – по 1.

• Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 19починати лица: 12 починати лица од Скопје (86г, 84, 80г, 75г, 75г, 73г, 67г,65г,63г, 57г, 48г и 39г), 2 починати лица од Куманово (71г и 42г) и по едно починато лице од Богданци (70г), Велес (73г), Гевгелија (69г), Кичево (69г)и Македонска Каменица (87г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 16.09.2021 до 04.10.2021 година. Регистрирани се двајца починати лица од Скопје, и по едно починато лице од Тетово,Гевгелија и Велес, на возраст од 59 до 79 години. Од пријавените лица 3 се починати во болнички услови, а 2 во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.344.538 тестирањана Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 197.197бројката на оздравени пациенти е 183.474, на починати е 6.964, а бројот на активни случаи изнесува 6.759.