Еден час подоцна е пронајден мртов во една од околните улички, објави денеска ТВ 24.

Извори од истрагата за телевизијата рекле дека првично поради пронајдените траги се мислело дека станува збор за прегазен пешак.

На лице место излегла полиција и јавен обвинител. Подоцна се утврдило дека станува збор за избеган ковид пациент, кој бил на кислородна поддршка. Првичните резултати од обдукцијата говорат дека телото нема видливи траги на насилство и веројатно причина за смртта е белодробната пневмонија.

Од Клиничката болница ќе формира комисија за да се утврди дали има пропусти во овој случај.