Според портпаролката на СВР Струмица Александра Трајанова, до несреќата дошло откако автомобил марка „пежо“ со струмички регистарски таблички излетал од патот и се превртел на покривот.

Во автомобилот имало три лица. Еден од сопатниците е повреден и е пренесен на лекување во Струмичката болница.

На местото на несреќата увид изврши полицијата.