Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши пред малку во полициско комбе излезе од полициската станица Карпош.

Бектеши , кој од вчера беше на распит во Карпош, сега, како што дознава Канал 5 ќе биде транспортиран во Кочани, на распит кај судија на претходна постапка.

Коцевски: Приведени се 14 лица кои се осомничени и за сите ќе се бара притвор

Воедно во Кочани се наоѓа и тимот обвинители , кои вршат увид во причините и одговорните за настанот.

Крешник Бектеши е осомничен дека во неговиот мандат како министер за економија, ѝ била издадена лиценца на дискотеката „Пулс“ , иако немала никакви услови за тоа.

Во неа загинаа 59 млади луѓе.

Извор: Канал5