Неколку повозрасни малолетни деца физички нападнале шестгодишно дете во соблекувалната на спортска сала во основно училиште во Кочани, според пријава доставена до полицијата. Во пријавата се наведува дека го соблекле и го снимале со паметен часовник.
За настанот вчера околу 12:45 часот пријавил таткото на детето, 42-годишен жител на Кочани. Според неговата пријава, во нападот учествувале неколку малолетници, сите повозрасни од неговото дете.
За случајот се известени јавен обвинител и Центарот за социјална работа. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на околностите и документирање на настанот.
