Британскиот министер за здравство Саџид Џавид денеска изјави дека најновите епидемиолошки податоци не укажуваат на тоа дека владата треба да ги заостри мерките против Ковид-19 во Англија, но дека се уште е рано да се процени како болниците ќе се справат со зголемениот притисок.
Џавид рече дека Омикрон го зголемил бројот на заразени, а околу шест болнички фондови прогласиле критична состојба поради недостигот на работници, пренесува Ројтерс.
– Во овој момент нема ништо во податоците што би сугерирало дека мора да отстапиме од планот Б, изјави министерот за новинарите, додавајќи дека се уште е рано да се зборува за хоспитализации, но дека се забележува дека тие растат.
Зголемениот број случаи во Велика Британија доведе дo намален персонал во болниците, а училиштата се соочуваат со недостиг на наставници, според Ројтерс.