Одделението за внатрешни работи Кочани до Основно јавно обвинителство Кочани поднесе кривична пријава против С.И.(43) од Кочани, осомничена дека сторила кривично дело „лихварство“.
Пријавената, во октомври 2018 година, информираа од МВР, на женско лице од Кочани ѝ дала на заем 50 евра, а за услугата договорила за себе 1.500 денари месечна камата сѐ до враќање на главниот долг.
– С.И., злоупотребувајќи ја тешката имотна состојба и потребата на пријавителката, во периодот од ноември 2018 до март 2022 година остварила противправна имотна корист во износ од 33.000 денари и предмет во вредност од 20.700 денари. Оштетената за заем од 50 евра на пријавената ѝ вратила 53.700 денари, се појаснува во денешното соопштение од МВР.