– Во текот на декември годинава, двете лица, со цел стекнување на противправна имотна корист, извршиле набавка на кокаин и хероин, која во својот дом во зависност од нарачката ја препакувале во помали количини за понатамошна препродажба на корисници на наркотични дроги, изјави портпаролот на МВР Сузана Прањиќ Талевска.
На 20-ти овој месец по наредба од Судија на претходна постапка извршен е претрес на дом и други простории кај лицата, при што се пронајдени и одземени поголем износ на пари во различни валути, а при преглед на возило, кое го управувале, била пронајдена торба со ќеса со кокаин, две ќеси со 32 пакувања со кокаин, како и една ќеса со 28 пакувања со хероин. Од страна на судија на претходна постапка на двете лица им е одредена мерка притвор, информираат од МВР.