– СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.Н.(36) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Тој, на 13.05.2021 на социјалната мрежа Facebook, по објава на текст на електронски медум, постирал коментар со кој промовирал и поттикнувал омраза, велат од МВР.