СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против А.О.(52) од Скопје осомничен за сторени кривични дела „употреба на исправа со невистинита содржина” по член 380 и „измама при добивање кредит” по член 249 од Кривичниот законик.

Пријавената, како што соопштија денеска од МВР, со намера лажно да прикаже дека е кредитоспособна, при аплицирање за одобрување потрошувачки кредит во една банка приложила лажна потврда за вработување и лични примања, наводно издаден од јавна здравствена установа од Скопје.

На тој начин, се наведува во соопштението, ги довела во заблуда одговорните лица во банката да и одобрат ненаменски потрошувачки кредит во износ од 600.000 денари.