Како што информираше портпаролот Стефан Димоски, Б.К. на 31 октомври 2021 година околу 7,45 часот на избирачко место лоцирано на улицата „4-ти Јули“ – Кичево, откако претходно го остварил своето избирачко право за избор на градоначалник на општина Кичево, на член на избирачкиот одбор му рекол дека направил грешка и побарал ново гласачко ливче.
По добиениот одговор дека тоа не е возможно, пријавениот го искинал гласачкото личве и го напуштил гласачкото место.