Таткото и двете ќерки од кривопаланечкото село Жидилово добија кривична пријава за нанесување тешка повреда, откако претепаа жена од селото Дрење, по расправија поради проблематичните крави пуштени слободно да се движат низ околината, на кои семејството полага право на сопственост.

-ОВР Крива Паланка поднесе кривична пријава против Г.Ѓ. (58), А.Ѓ.М. (23) и А.Ѓ. (31), сите од село Жидилово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 од Кривичниот законик. На 21.11.2026 година, околу 09:00 часот, во село Дрење, кривопаланечко, пријавените физички ја нападнале Д.Д. (67) од истото село, нанесувајќи ѝ тешки телесни повреди. Имено, додека Д.Д. го напасувала својот крупен добиток, пријавените најпрвин започнале расправија со неа, по што физички ја нападнале, информира МВР. Повредите биле констатирани во Здравствениот дом во Крива Паланка“, пишува во полицискиот билтен.