СВР СКОПЈЕ – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Ф.Ј.(20) од Скопје и против правно од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад”, казниво по член 230 ст.3 вв ст.5 од Кривичниот законик.

Во февруари 2022 година, при извршена контрола од страна на полициски службеници и инспектори од Државниот пазарен инспекторат, бил пронајден нерегистриран склад за откуп и продажба на секундарни суровини, сопственост на правното лице, чиј управител бил првопријавениот.

Притоа, било утврдено дека Ф.Ј., преку правното лице, неовластено тргувал со отпад без да поседува дозвола за вршење на дејност управување со отпад издадена од Мининистерството за животна средина и просторно планирање.