– Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“ ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Л.Д.(30) од Дебар. Тој, во месноста „Бадеми“ на брегот на Дебарско Езеро, на локација од 48 метри квадратни во државна сопственост, неовластено и без соодветно одобрение издадено од надлежен орган, започнал градба на објект од цврста градба, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Тој потенцираше дека на ваков начин, Л.Д. се стекнал со противправна имотна корист во износ од 95.040 денари.

Само пред неколку дена по истата основа поднесени беа кривични пријава против Љ.Л.(46) и М.Б.(59) исто така од Дебар. Во месноста „Бадеми“ првиот узурпирал 62, а вториот 72 квадратни метри во државна сопственост и спротивно на Законот за градење, започнале градба на објекти.

На овој начин Љ.Л. се стекнал со противправна имотна корист во износ од околу 122.760 денари, додека М.Б. со 142.560 денар