Пријавениот, од 23.02 до 07.08.2020, како самостоен советник за финансиски работи во истата организациска единица, фактурите кои ги примил од една фирма не ги приложувал веднаш на евиденција и уредна заверка со приемен штембил, туку ги задржувал кај себе и ги доставувал по истекот на предвидениот рок за плаќање.

Поради несовесното и ненавременото извршување на работните обврски на пријавениот, фирмата изготвила каматна листа за задоцнето плаќање, со што бил оштетен Буџетот на Министерството за внатрешни работи.