СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Е.(69) од село Стримница, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без лиценца”.
На 27.10.2022 на регионалниот пат Тетово-Брвеница, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „фолксваген венто”, при што констатирале дека пријавениот врши јавен превоз на патници без да поседува соодветна лиценца.